Кошаркарите на Црвена звезда синоќа го забележаа деветтиот триумф во Евролигата. Белграѓани на гостински терен во рамките на 21. коло го совладаа италијански Милан со 76:62.
Во редовите на белградскиот тим уште еднаш одлична улога имаше искусниот Милош Теодосиќ кој создаде неколку одлични акции.
Теодосиќ мечот го заврши со девет поени и пет асистенции, но секоја асистенција беше во негов стил и многу важна.
Сепак, се истакна асистенцијата во втората четвртина кога без да погледне го пронајде Давидовац ги остави збунети играчите на Армани. Асистенција каква што гледаме во играта на Лука Дончиќ, која веднаш се прошири на социјалните мрежи, а се огласи и Словенецот.
Словенечкиот кошаркар го сподели видеото и стави опис кој воодушеви многумина.
„Не сум бил роден кога делеше вакви асистенции“, напиша Дончиќ откако го споредија со Теодосиќ.
I wasn’t born yet when he was already making those passes 😂😂 https://t.co/qIy3icj5kq
— Luka Doncic (@luka7doncic) January 12, 2024