Воска од денеска е посилна за Петар Бојо (26), интерационалец од БиХ кој може да игра на неколку позици, а најчесто во средниот ред. Тој има големо искуство од играње во елитната лига во својата земја. Беше член на Зрински, на Железничар, а последен клуб му беше Игман. Бојо би требало да биде големо засилување како што нагласуваат пд таборот на Воска, а се очекува во наредните денови клубот да се пофали со уште неколку нови имиња.