Фудбалерите на Тиквеш веќе неколку дена интензивно тренираат и ги одработуваат првите денови од подготовките за пролетниот дел. Освен раководството на клубот кое работи на засилувањата, и тоа како, досега се ангажирани официјално четворица, шефот на стручниот штаб Ѓорѓи Мојсов, веќе закажа повеќе контролни или пријателски средби за во текот на овие подготовки.
Ќе се започне на 18 јануари и тоа со соседот Вардар Неготино. Потврдени се и „тестовите“ со Победа, Кожув, Детонит, Дубочица (ќе се игра 2Х70 минути), како и со Силекс на Александар Васоски.
Допрва се бара адекватен противник за „генераката“ во пресрет на стартот на пролетниот дел на 18 следниот месец.