Алекс по голот од корнер: Искрено, не сакав да шутирам директно во голот, но ветрот ми помогна! (ВИДЕО)

819

И натаму во Хрватска и посебно во Хајдук главна тема е фантастичниот гол на Алекс Трајковски и тоа директно од корнер кој му го даде на МОЛ Фехервар на пријателската попладнево која се одигра во Умаг.

За сајтот на Хајдук, Трајковски беше искрен:

Искрено, не сакав да шутирам директно во голот, едноставно не беше таква мојата намерта. Сакав, како и секогаш, остро да центрирам пред противничкиот гол. Но, ете ветрот ми помогна и постигнав навистина убав гол“ посочи Македонецот.

Штета…

Тоа е македонче. Место да каже – Да, го гаѓав голот, сакав да постигнам гол од корнер, имав намера да погодам од корнер, како што тоа некои други го прават, како српските фудбалери на пример, Трајковски е брутално искрен.

Голем човек, но сепак некогаш треба и самиот да се пофалиш и да се направиш мангуп, посебно по една ваква мајсторија.

ПретходноШкендија го “врза“ Мелиќи со професионален договор! (ФОТО)
СледноВолф: Македонија е многу непредвидлива со играта „седум на шест“