На ЕУРО 2024, од терминот од 18 часот се одиграа три средби. Холандија со 36:20 просто ја декласира селекцијата на БиХ која беше едноставно немоќна за да му се спротистави на далеку поквалитетниот противник. Тен Велде со 9 голови и тоа од девет обиди беше најдобар стрелец во победничкиот тим. Ова беше втора победа за Холандија во групата Е.
Словенија со 32:25 успеа да слави над Полска. Како во првото полувреме, така и во второто. Словенечките ракометари покажаа сила и убедливо ја добија селекцијата на Полска. Маргуч со 6 голови беше најефикасен на средбата, додека одлилчни беа и Кодрин и Бомбач со 5 гола.Ова беше меч од групата Д и втора победа Словенија.
И во групата Ф, селекцијата на Португалија ја победи Чешка со 30:27, и за Португалците ова беше нивни втор триумф на ова ЕУРО 2024. Коста со 11 голови беше убедливо најдобриот поединец на оваа средба.