Силекс се засили со фудбалер од ФК Сараево

1011

Македонскиот прволигаш Силекс ги засили своите редови со Мухарем Тарко, фудбалер од Босна и Херцеговина кој доаѓа од редовите на Сараево. Кратовчани го договорија овој фудбалер кој во понеделник треба да се појави во Кратово, а тренерот Александар Васоски добро го познава затоа што му беше тренер и во ФК Сараево.
Инаку тој е играч од младинскиот погон на Сараево, а за првиот тим дебитира во сезоната 2021/22. Се работи за 20-годишен централен бек, кој има настапи за селекциите на БиХ од У16 до У19. Минатата сезона одигра 19 меча во Премиер лигата на БиХ, а оваа само три.

Трако е третото зимско засилување за Силекс по браќата Љупче и Ѓорге Џеков.

ПретходноПред „Мерцедес Бенц Арена“ има препродавачи на билети
СледноСедлоска најдобар стрелец во поразот на Локомотива во Франција