Хрватска одигра само нерешено со Австрија, Србија со пораз од Унгарија

367

Вечерва од терминот од 20:30 часот се одиграа уште две средби, покрај онаа меѓу Македонија и Германија.

Ако по убедливиот триумф над Шпанија се очекуваше дека Хрватска нема да има никакви проблеми со Австрија, сепак не беше така. Хрватите освоија само бод и тоа со резултат 28:28.

Иако момците на селекторот Перковац имаа водство од 28:25, сепак на крајот не успеаја да дојдат до победа.

Србија по ремито со Исланд, вечерва беше поразена од селекцијата на Унгарија со 28:27. Се чини дека Унгарците победничката разлика ја направија во средината на второто полувреме кога беше 22:18, Србија во финишот успеада дојде само до минус еден гол, но тоа беше доволно само за пораз.

ПретходноСтручен коментар – Ристо Магдинчев: Повторно слабо во одбрана и повторно премногу загубени топки!
СледноКузмановски искрен: Јас лично потфрлив – ја превземам одговорноста!