Од денеска и официјално. Александар Ѓурковски се врати во Вардар. Нашиот најтрофеен клуб само ја потврди информацијата на “СпортСпорт“ од пред неколку дена.
Ѓурковски досега беше член на Тиквеш, а потекнува од школата на Вардар. Дефанзивецот има настапувано за сите младински школи на “црвено – црните“.
Инаку за Вардар за првиот тим настапуваше во сезоната 2020/21 кога забележа 19 настапи.