Јуниорките претрпеа пораз и во дуелот со Србија

106

Женската јуниорска одбојкарска репрезентација на Македонија го претпре и вториот пораз на турнирот во Софија во рамките на зонските квалификации за ЕП. По вчерашниот пораз од Турција, избраничките на селекторот Александар Митев денеска загубија и од Србија со 0:3 (13-25, 13-25, 15-23).

За разлика од вчерашниот дуел во кој имавме добар почеток во секој од трите сета, денеска против Србинките во првите два сета почнавме лошо и му дозволивме на противникот комплетно да не „разоружа“. Ситуацијата се промени во третиот сет, кога почнавме самоуверено, па успеавме и да дојдеме до предност од 8:6, но потоа повторно следуваа неколку грешки кои на Србија и овозможија да се врати во сетот и да дојде до конечен триумф.

Милева, Трајковска и Милевска денешниот дуел го завршија со по 3 поени, додека кај Србија, Ристиќ реализираше 6 поени.

Со овој пораз, нашите одбојкарки до 18 години го завршуваат квалификацискиот дел на третото место во групата „Б“, а утре Србија и Турција ќе одлучуваат за првото место и патникот во следната фаза.

ПретходноЏерона добил отказ пред Србија да замине на ЕП!
СледноИграч на Рајковиќ доби суспензија поради користење на кокаин