Францускиот ракометен репрезентативец Никола Карабатиќ постигна пет гола во победата на неговата репрезентација над Хрватска во втората фаза на Европското првенство.
Со овие голови 39-годишниот ракометар стана најдобар стрелец во историјата на европските првенства. Со 289 голови застана на првото место, а зад него сега се Гудјон Валур Сигурдсон од Исланд со 288 односно Микел Хансен од Данска со 276 голови.
Сигурдсон е веќе пензиониран, а Хансен има уште многу за да го престигне новиот лидер кој сигурно до крајот на шампионатот ќе го поправи голгетерскиот рекорд.
𝐋𝐄𝐆𝐄𝐍𝐃𝐀𝐑𝐘 🤩 With 𝟮𝟴𝟵 𝗚𝗢𝗔𝗟𝗦 Nikola Karabatic has scored more than anyone ever in Men’s EHF EURO history 🔥
Is there anything left to say about him? 🤯#ehfeuro2024 #heretoplay @FRAHandball pic.twitter.com/JyC8eEtSPL
— EHF EURO (@EHFEURO) January 18, 2024