Французите ја совладаа Хрватска и си ја подотворија вратата за полуфинале

154

Ракометната репрезентација на Франција забележа победа над Хрватска на првиот меч од втората фаза на ЕП. Французите славеа со 34:32 во изедначен меч со многу тензија и неизвесност до самиот финиш. На полувреме беше нерешено 18:18, во вториот дел Французите речиси постојано имаа еден до два разлика. Во финишот на мечот Хрватите постојано беа на работ на изедначување, но Французите им бегаа за гол.
Во последните 30 секунди Французите направија +2 и тоа беше тоа.

Франција има четири бода и со големи шанси за полуфинале. Хрватите останаа со два.
Најефикасен на мечот беше Дика Мем кој постигна 6 гола од 11 обиди, Никола Карабатиќ заврши со пет гола. Кај Хрватите Срна постигна шест гола.
Хрватска следното коло ќе игра со Унгарија, а Франција ќе се соочи со Исланд.

ПретходноПогледнете како изгледа ранг-листа на кошаркарски судии
СледноНикола Карабатиќ стана најдобар стрелец на Европските првенства!