Во пресрет на почетокот на пролетниот дел, второлигашот Беласица ги претстави Лука Војнески и Борјан Попоски кои потекнуваат од школата на Работнички. Војнески играч од одбраната и игра на позицијата лев бек но може да игра и како лево крило а доаѓа од екипата на ФК Вардар,а претходно има настапувано и во Хрватска за ФК Опатија.
Борјан Попоски кој исто така е играч од одбраната, игра на десната бековска позиција но може да игра и како стопер а доаѓа од екипата на ФК Скопје.
Двајцата се родени во 2004 година.