Едвардс со потег за кој долго време ќе се зборува (ВИДЕО)

264

Минесота по пресврт оствари победа над Гризлис, последната четвртина ја доби со +20. Ентони Едвардс беше човекот од одлука, во второто полувреме постигна 26 од вкупните 28 поени. Гоберт со 17 поени и 10 скока имаше дури шест блокади, Реид постигна 20 поени, а Мајк Конели заврши со 17 поени и 10 асистенции.

Мемфис е уморен, одигра одлично полувреме и останаа без здив, во составот немаше бројни кошаркари, покрај Морант, ги нема Смарт, Бејн, Кларк, Стивен Адамс, Дерик Роуз и ЛаРавија…

Резултати: Њујорк – Вашингтон 113:109, Торонто – Чикаго 110:116, Јута – Оклахома 129:134, Минесота – Мемфис 118:103, Сакраменто – Индијана 121:126.

ПретходноСнежната бура го одложи првиот меч во Бундес-лигата!
СледноУругвај отпадна, во Анталија ќе играме со Молдавија и Црна Гора