„Од политички причини…“, тоа е договорот на клубови од Бугарија кога добивале понуди да играат контролни средби со клубови од Македонија на подготовките во Анталија.
Тим како Добруџа требало да игра тест со Вардар, но по некој ден од клубот побарале друг ривал затоа што ниту една екипа од Бугарија не играле пријателски со екипи од Македонија.
Во минатото често бевме сведоци на дуели на наши екипи со бугарски на тест средби, но во последниве две години откако се затегнаа политичките односи помеѓу двете земји не постои простор на „пријателство“ ниту на спортските терени.
Да потсетиме дека лани беше договорен тест дуел на Пирин со Скопје кој требаше да се одигра во Благоевград, но полицијата во Бугарија не гарантираше безбедност за гостинската екипа. Средбата беше откажана и доби внимание по медиумите но само од политичка а не од спортска страна.