Гуџуфи од Бешикташ на позајмица во Шкупи

1557

Бесар Гуџуфи до јуни ќе го носи дресот на Шкупи како позајмен играч од екипата на Бешикташ. Овој млад талент веќе е со чаирчани на подготовките во Анталија а неговата промоција се очекува во наредните неколку денови. Станува збор за дете од школата на Вардар кој пред две години замина во младинскиот тим на Бешикташ.

Неговиот ангажман во Шкупи се чини дека е полн погодок за тимот од Скопје кој зимава успева да привлече двајца млади голгетери кои се производ на Вардар. Пред неколку дена во Шкупи пристигна и Џемаил Ибиши кој по неуспешната епизода во Локомотива од Загреб се врати во Тиквеш а еве сега и во тимот кој се бори за шампионската титула.

ПретходноДенеска на ЕУРО 2024: Франција става “печат“ на пласманот во 1/2 финалето!
СледноУште докази како му се помагаше на РЕАЛ(ВАР)! (ВИДЕО)