Македонскиот прволигаш Гостивар славеше 2:0 против турскиот нисколигаш Јозгат Бозокспор на вториот подготвителен натпревар во Анталија. Стрелци на двата гола беше Ланре Кехинде во 30. и во 39. минута.
На првиот подготвителен меч Гостивар беше поразен од унгарски Ујпешт со 1:2.