Бразилски дефанзивец во редовите на Брера

233
Бразилскиот интернационалец Мартинс Де Паулa Кауан е нов играч на Брера Струмица. Станува збор 23 годишен дефанзивец кој минатата година настапуваше за естонскиот тим Транс Нарва, а претходно има настапувано и во неколку бразилски клубови меѓу кои и за младите на Коринтијанс.

Според информациите Де Паула одлично игра со левата нога. Се одликува со агресивност, добар преглед во одбрамбената линија, стабилност во играта но и со добар скок и се очекува да даде голем придонес во одбраната.
Одличен прием и се надевам дека ќе имаме одлична соработка и во иднина. Ќе дадам се од себе за да ја исполниме зацртаната цел за ова полусезона. Сакам да помогнам и да постигнеме добри резултати за да можеме како Брера да бидеме повисоко на прволигашката табела“, изјави Бразилецот.
ПретходноМакедонија на 27 јануари го добива ривалот за СП 2025
СледноБеса го совлада Тетекс со пресврт во финишот