Женг по историја, станата втората кинеска тенисерка во финале на Гренд слем турнир

110

Кинвен Женг и Арина Сабаленка ќе играат во финалето на женскиот турнир на Австралија опен. Кинеската тенисерка славеше со 2-0 над Украинката Дајана Јастремска со 6:4 и 6:4 и така стигна до финалето.

Таа е само втората кинеска тенисерка која ќе игра финале на Гренд слем турнир, а ќе се обиде да го повтори успехот на претходничката На Ли која стана шампионка на Ролан Гарос во 2011 година и на Австралија опен 2014.

Со оваа победа 21-годишната Женг веќе е во топ 10 со самиот пласман во финалето, а со победа ќе скокне на шестата позиција. Сабаленка е втора на ВТА листата на најдобри тенисерки.
Финалето е на 27 јануари.

ПретходноЧичарито се врати во матичниот клуб, дури и Алекс Фергусон му честиташе
СледноМладинскиот репрезентативец Максимов потпиша за клуб од Норвешка