Воска Спорт продолжува со засилувањата на екипата за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на охридскиот тим е 19-годишниот Донарт Ибраими кој доаѓа од редовите на Партизани Тирана.
Се работи за десно офанзивно крило кој во кариерата играл за Работнички, Слога Виница и Кожуф, а од август 2023 година му се приклучи на младинскиот тим на Партизани од Албанија.
Воска претходно донесе неколку нови играчи: Милош Аќимовиќ, Христијан Јанкуловски, Фатјон Јусуфи, Абдулхади Јахја, Ардит Илјази, Антонио Илиевски, Костадин Захов, Петар Бојо и Андре Менсалао.