Есенскиот првак во ВМФЛ и веројатно член на елитата од новата сезона, тимот на Беса, добива големо засилување. Имено по заминувањето на Фитон Адеми во Шкендија, тимот на Александар Таневски го договори Емир Скендери (23), напаѓач на Македонија ЃП. Како што велат нашите информации, трансферот е договорен и Скендери во пролетниот дел од сезоната ќе го предводи нападот на тимот од Добри Дол. Да споменеме дека Скендери покрај Македонија ЃП, беше член и на Брера, Тиквеш и Струга ТЛ.
Инаку Беса е на подготовки во Анталија каде тренерот Таневски и играчите на овој тим имаат одлични услови за работа. Вчера Бесаа одигра пријателски меч со Спартак Кострома а резултатот на крајот беше 1:1.