Никој ништо не му може: Јаник Синер е КРАЛОТ на АО!

238

И дефинитивно тенискиот свет си има свој нов херој, а тоа Јаник Синер, младиот Италијанец кој успеа да дојде до титулата на АО во Мелбурн, на првиот гренслем за оваа 2024.

Синер со 3:2 го победи Данил Медеведев во една блескаво финале, во кое губеше со 0:2 во сетови и кога се чинеше дека Русинот ќе дојде до тронот, Синер знаеше што треба да прави. Ја стабилизира играта, успеа да го добие третиот сет а потоа беше полесно. Го доби и четвртиот за 2:2 а во петиот Медведев едноставно немаше шанси.

Па така со 3:2 Јаник Синер е КРАЛОТ на АО, или во гемови со 3:6, 3:6,6:4, 6:4 и 6:3.

Апсолутно заслужено ако се знае дека во полуфиналето Синер го збриша Новак Ѓоковиќ.

Ова за Синер беше прво финале на еден гренслем турнир и прва титула. Допрва Синер ќе владее со светот на тенисот.

Јаник е фантастичен, никој ништо не му може.

ПретходноЕХФ го објави Ол-Стар тимот на ЕП: Волф, Гидсел, Кнор… (ФОТО +ВИДЕО)
СледноГут-Бехрами триумфираше во супервелеслаломот во Кортина д’Ампецо