Интер ја сочува предноста пред Јувентус, откако на гостувањето кај Фиорентина успеа да дојде до минимална победа од 0-1 во рамките на 22. коло во Серија А.
Мартинез беше стрелец на единствениот гол на оваа средба, погоди во 14 минута на мечот. На другата страна домашниот тим имаше шанса да изедначи, но Гонзалез во 76 минута не успеа да реализира од белата точка.
Со овие три бода Интер се врати на лидерската позиција на табелата и сега има 54 бода, бод повеќе, но и меч помалку од Јувентус.
Следното 23. коло на 4 февруари ќе донесе спектакл и срцето на Италија ќе биде дуелот меѓу Интер и Јувентус кој може да даде одговори во борбата за титулата оваа сезона.