Екипата на Брера Струмица го доживеа и третиот пораз по ред на подготовките во Турција, а овојпат подобар од македонскиот прволигаш беше полски Рух кој славеше со 2:1 на терените на „Суено хотелс“ во Белек.
По првото полувреме полјаците имаа предност, а во 57 минута зголемија на 2:0. Веќе следната минута Брера намали преку Марио Костов.
Со тоа Брера запиша нов пораз, трет во Турција по оние од Черноморец Одеса со 3:1 и украински Верес со 3:2.
Следен меч на Брера е против Атирај на 2 февруари.