„Новак пред две недели беше GOAT, а сега влеговме во нова ера, смешно е“

315

Каролин Гарсија, освојувачка на 11 титули во кариерата, моментално 20-та на ВТА листата, ја коментираше ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ, кој за жал не успеа да го освои првиот Гренд слем сезонава.

Таа истакна дека е згрозена од тоа што поединци ја претставија оваа ера, како нова на тенисот веднаш по Австралија Опен.

„Пред две недели ги прочитав најавите и практично Ѓоковиќ беше најдобриот на сите времиња, сè уште млад, фантастично се движеше за својата возраст, оди по нова Гренд слем титула. Вистинска инспирација.

Сега тој е стар човек, ние сме во нова ера, заврши со тенис. Ова е смешно“, напиша таа на социјалните мрежи.

Новак и натаму е прв на АТП листата, а извесно е дека таму ќе остане до мај.

ПретходноВардар минимално поразен во Анталија!
СледноПријателски: Шкупи ремизираше со Рух Хоржов, Тиквеш ја победи Дубочица!