На сите “фронтови“ тест средби на нашите прволигаши

569

Подготвителен период е и тоа завршна фаза во која клубовите преку тест средби ја темпираат формат, ги проверуваат играчите, се спремаат за стартот на пролетниот дел од сезоната кој е закажан за 18 февруари.

Затоа денесека многу од нашите прволигаши играат пријателски натпревари. Прв денот го отвара Работнички кој во Медулин игра дуел со хрватскиот второлигаш Карловац од 11 часот. Тимот на тренерот Гоце Седлоски пред некој ден одигра 2:2 со Младост од Црна Гора.

Во Медулин со недели е Македонија Ѓ.П која денеска од 14:30 часот ќе се сретне со Сараево. Тимот на Крсте Велковски кој зимава ги засили „лавовите“.

Во Анталија активен ќе биде Вардар кој игра тест со туркменистанскиот првак Аркадак. Овој меч е од 14 часот а во турската база свои тест дуели од 12:30 часот имаат Гостивар против Храдец Кралове од Чешка, додека Шкупи ќе ги одмери силите со Рух Хорзов од Полска кој вчера славеше со 2:1 над Брера. Шкендија во Анталија има ден за тренинзи без конролен дуел.

ПретходноМеталург во Пореч ги „полни батериите“ пред важните битки
Следно„Бомба“ од Англија: Зидан се враќа на големата сцена!