Денвер без Јокиќ поразен кај Оклахома, Кливленд ниже победи

135

Кошаркарите на Оклахома вечерва го победија шампионот Денвер со 105:100 и ја прекинаа серијата од два порази во НБА лигата. Шеј Гилџес-Александер ја предводеше Оклахома со 34 поени и пет скока, а Чет Холмгрен додаде 18 поени. Одлично издание имаше и српскиот кошаркар Василије Мициќ кој постигна 12 поени и имаше пет асистенции.

Никола Јокиќ не беше во тимот на актуелниот шампион поради болки во долниот дел на грбот.

Кошаркарите на Кливленд го победија Детроит со 128:121 и ја постигнаа 11-та победа во последните 12 натпревари. Донован Мичел го предводеше тимот до победата со 45 поени, од кои 20 постигна во четвртата четвртина.

Кошаркарите на Мајами го победија Сакраменто со 115:106 и ја прекинаа серијата од седум порази. Џими Батлер со 31 поен беше најефикасен кај победникот. Феникс беше подобар од Бруклин со 136:120 предводен од Кевин Дурент кој постигна 33 поени со осум асистенции и пет скока. Тоа беше негов прв натпревар во Бруклин откако беше трејдуван во Феникс пред речиси една година.

Минесота го победи Далас со 121:87, за кој не играа Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Чикаго 110:107

Кливленд – Детроит 128:121

Вашингтон – ЛА Клиперс 109:125

Мајами – Сакраменто 115:106

Хјустон – Њу Орлеанс 99:110

Минесота – Далас 121:87

Оклахома – Денвер 105:100

Сан Антонио – Орландо 98:108

Бруклин – Финикс 120:136

Портланд – Милвоки 119:116

ПретходноЛиверпул го демолира Челзи, Нуњез четири пати ја гаѓаше рамката од голот
СледноКлоп воодушевен од младиот Бредли: Колку многу ни помогна, тоа е неверојатно!