Ф1 „бомба“ во најава: Луис Хамилтон следната година седнува во болидот на Ферари?!

234

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (39) планира да ја заврши кариерата во Ферари, со кого, според шпанскиот „Ас“, е во завршна фаза од преговори.

Од следната сезона Хамилтон треба да седне во болидот на „црвените“ и да стане главен адут на тимот, што би значело и заминување на Карлос Саинц од Маранело.

Саинц најверојатно ќе ја смени средината во која формираше тандем со Шарл Леклер.

„Бегството“ на Хамилтон од Мерцедес во Ферари, доколку се случи како што пишуваат Шпанците, би било големо изненадување поради фактот што тој има договор со сегашниот тим до 2025 година.

Во наредните денови, пишуваат Шпанците, оваа информација би требало да биде потврдена.

ПретходноФормула 1 го одби барањето на Марио Андрети да се врати со свој тим во 2025 година
СледноВикендов почнува финалната фаза од одбојкарската Прва лига