Во меч од 9.коло во АБА 2, одигран попладнево во Нови Сад, Пелистер со 83:81. Ова е четврта победа за битолчани во деветтиот меч во ова натпреварување.
Убава победа, значајна победа за момците на Дарко Радуловиќ, втора едноподруго во Нови Сад.
Инаку мечот беше отворен со нешто подобра игра на противничкиот тим. Словенците во еден момент водеа и со четири поени разлика, но тоа не беше проблем за битолчани да ја стигнат таа разлика, а во втората четвртина во финишот да поведат дури и со седум разлика.
Па така на пауза се замина со убава предност на нашиот претставник од седум поени, 44:37.
Но само што почна третата четвртина Пелистер “успеа“ да ја испушти таа разлика, Хелиос во тие моменти како да одигра нешто подобро. Сепак Пелистер се врати во игра во последната четвртина во која влезе само еден разлика. Имено на средината од последниот период момците на Дарко Радуловиќ поведоа со 77:69. Но тука не беше крајот, Хелиос не се предаде, па успеа да се закани, односно да намали на 79:73, па и на 79:74, а потоа и на 79:77. Во тие моменти Пелистер беше брзоплет во нападот, дојде таа мала и непотребна криза кога станува збор за нападот.
И конечно на 100 секунди до крајот Планиниќ од табла погодува за 82:77. Во самиот финиш драма, на 32 секунди битолчани имаа само +2, Хелиос не реализираше напад. На другата страна Магдевски реализираше само едно слободно за 82:79. Следуваше пенал – завршница, а таму Пелистер имаше повеќе среќа, зошто Хелиос во последните секунди не погоди тројка за победа, па така на крајот резултатот беше 83:81.
Во таборот на Пелистер најефикасен беше Мијовиќ со 18 поени, Маслинко постигна 16 поени.
Ривал на Пелистер во недела ќе биде тимот на Сутјеска во третиот меч на овој “прозорец“ во Нови Сад.