Фудбалерите на Брера Струмица редат порази на пријателските во Анталија. Па така денеска струмичани против тимот на Атирај од Казахстан беа поразени со 1:2. Првиот дел заврши нерешено без голови. Стрелецот на единствениот гол за Брера Струмица бил Матеј Цветаноски.
Сепак поважно од поразите е тоа што сите играчи добиваат соодветна минутажа, јасно е дека поважно за Брера Струмица е тоа што ќе се случува на резултатски план во текот на пролетниот дел отколку сега на пријателските во Анталија.















