Голеада во Анталија: Шампионот поразен од Лоѓ!

561

Денеска на теренот на спортскиот центар Емиран во Анталија, Струга ТЛ во пријателски меч беше поразена од силниот тим на Лоѓ со 3:4. Вистинска голеада, добра игра со многу шанси на двете страни, водство на шампионот од 3:2, но сепак на крајот во последната контрола од подготовките во Анталија, пораз на тимот на стратегот Шпетим Дуро.Image

Полскиот тим дојде во водство од 1:0 во 7.минута, а Радески во 23.минута израмни на 1:1. Лоѓ повторно дојде во водство, но Ибраими со гол во 39.минута носи резултатски егал. Истиот играч со гол од пенал во 57.минута донесе водство на стружани од 3:2. Сепак до крајниот клубот кој се натпреварува во полската Есктракласа успеа со два гола да дојде до победа. Победничкиот гол за Лоѓ беше од пенал.

ПретходноОфицијално: Црна Гора со Просинечки како селектор на мегдан со Македонија!
СледноБрера со нов пораз во Анталија!