Вардар подобар од Т. Пролет во денешната контрола

155

Ракометарите на Вардар славеа во денешниот пријателски меч против екипата на Т. Пролет со 25:21. За Т. Пролет ова беше последна контрола во пресрет на почетокот на плеј-офот закажан за наредниот викенд.

Избраниците на Александар Јовиќ сосема солидно му парираа на Вардар, но не можеа да приредат изненадување против фаворитот.

На четирите контролни средби одиграни во последните петнаесетина дена Т. Пролет забележа една победа и три порази.

ПретходноНигерија прв полуфиналист на Купот на Африкански нации (ВИДЕО)
СледноРидигер има хематом, под прашалник настапот на дербито со Атлетико (М)