Чудесен момент во Германија, Форфанг со рекорден скок (ВИДЕО)

1935

Јохан Андре Форфанг (28) слета по 153 метри во Вилинген, Германија, израмнувајќи го рекордот во ски скок, поставен во 2021 година од Полјакот Клеменс Муранка. Норвешкиот ски-скокач го подели првото место со Јапонецот Кобајаши во квалификациите во пресрет на денешниот главен дел од натпреварувањето во Светскиот куп.

Двајцата освоија 129 поени, а трет беше Австриецот Стефан Крафт со 127,5 поени.

Крафт води во генералниот пласман на Светскиот куп со 1089 бодови пред второпласираниот Германец Андреас Велингер со 837 бодови, додека третиот Кобајаши има 736 бодови. Форфанг, рекордерот од Вилинген е на 17. место со 228 бодови.

ПретходноЧави жестоко ги нападна судиите и Реал: Мислат дека сме глупави!
СледноКога фотелјата во МОК е поважна од спортот: Димевски се исплаши,на помош го повика ИОК!