ТФТ Скопје го “реши“ Шенчур за втора победа сезонава во АБА 2!

89

ТФТ Скопје во меч од 10.коло во АБА 2, денеска во Нови Сад успеа да го победи Шенчур со 85:77.

Целосно и апсолутно заслужено нашиот претставник во ова натпреварување дојде до победата, втора сезонава и секако стратегот Боро Смилковски мора да биде задоволен зошто неговите момци одиграа квалитетно, онака како што треба.

Уште на почетокот ТФТ Скопје наметна свое темпо, имаше водство од 16:16 па и 18:6. Првата четвртина заврши со водство од 18:12. Во вториот период тимот од Словенија како да се стабилизира, и на пауза се замина со водство на ТФТ Скопје со 37:33.

Затоа во третата четвртина тимот на ТФТ Скопје покажа како треба, едноставно кошот на Шенчур се полнеше во серија, одбраната функцинираше како треба и оваа трета четвртина ТФТ Скопје ја доби со убедливи 27:14.

Со оглед на високот водство, во последниот период ТФТ Скопје како малку да падна,но сепак немаше никакви проблеми на крајот да извојува победа од 85:77.

Најефикасни кај победничкиот тим беа Калхун со 18 и Ташовски со 16 поени.

Претходно“Ѓоковиќ е како Роналдо, ама Федерер е како Меси…“
СледноХамилтон ќе вози за Ферари до 2027 и ќе заработи 200 милиони евра!