Откако Јирген Клоп го шокира фудбалскиот свет со најавата дека по завршување на сезоната ќе си оди од Ливерпул, деновиве нов шок за сите во таборот на “Редси“. А таа вест е дека најдобриот фудбалер Мохамед Салах има намера во јуни да си оди од “Енфилд“ и да се пресели во Саудиска Арабија и тоа во тимот на Ал Хилал, каде се Нејмар, Митровиќ, Милинковиќ – Савиќ… и да потпшише тригодишен договор за вкупни 300 милиони евра или по 100 милион по сезона.
Со оглед на тоа дека “фараонот“ има ваќечки договор до Ливерпул, тимот од “Енфилд“ би можел да добие 100 милиони евра како отштета.