Хамилтон проговори за прв пат по преселбата во Ферари: Мојот сон се оствари!

620

Осумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека е неверојатно среќен, со преселбата во Ферари во 2025 година ќе се оствари уште еден негов детски сон, но истакна дека моментално е целосно посветен на Мерцедес.

„Чувствувам неверојатна среќа, откако со Мерцедес постигнав работи за кои можев само да сонувам како дете, сега имам можност да исполнам уште еден детски сон – да возам црвено Ферари“, напиша Хамилтон на социјалните мрежи.

И покрај тоа што верува дека е време да „почне ново поглавје во животот“, Британецот сепак истакна дека е фокусиран на претстојните предизвици со Мерцедес.

„Во моментов не размислувам за 2025 година. Фокусиран сум на претстојната сезона. Помотивиран сум од кога било, поподготвен и фокусиран. Сакам да му помогнам на Мерцедес уште еднаш да победи и да го завршам партнерството со тимот на високо ниво“, изјави Хамилтон, кој е во Мерцедес од 2013 година.

Ова беше прва изјава на 39-годишниот Хамилтон откако претходно оваа недела беше објавено дека ќе се пресели во Ферари во 2025 година.

Новата сезона во Формула 1, последна за Хамилтон во Мерцедес, започнува со Големата награда на Бахреин на 2 март.

ПретходноБекам и Интер Мајами исвиркани во Хонг Конг, навивачите си ги бараа парите назад!
СледноРаботнички почна со победа, Струмица и Штип без проблеми