Почнува финалната пресметка за МОК

389
Даниел Димевски

Во текот на утрешниот ден од 18 часот во салата „Борис Трајковски“, во Скопје ќе се одржи Вонредното Собрание на МОК отрганизирано од иницијаторите за смена на претседателот Даниел Димевски, додека во четврток во салата „Јане Сандански“ ќе има редово годишно Собрание во организација на Даниел Димевски.

Спортот во Македонија влегува во деновите за финална пресметка околу иднината на МОК и обидот за смена на актуелниот претседател. Иницијативата е регуларна и спорет статутот на МОК и затоа истата треба да се почитува со оглед на тоа дека е поднесена од 32 од вкупно 41 федерација кои се дел од МОК. Истата е покрената и доставена според сите критериуми кои се прошишани во Статутот на МОК и затоа е „паниката“ кај актуелното раководство кои со сите сили и механизми се обидува да се спаси од смена неколку месеци пред летните игри во Париз.

Изминативе неколку недели сме сведоци на многу ниски игри од страна на МОК од каде преку своите контакти бараат помош и од ИОК од каде преку централите ги опоменуваат федерациите да ги следат инструкциите на МОК, а не на иницијативниот одбор. Постојат документи, докази… со кои некој опасно си игра и се служи со неосновани закани до таа мерка што на одделни федерации и нивните спортисти им се наложува дека ако не се за МОК и Даниел Димевски ќе останат без свои претставници на ЛОИ во Париз.

Се е тоа така ако нешто не е според закон, правила, прописи…

Како сте дошле, така ќе си одите!

Претходно„Сакавме да му ги скршиме нозете на Дражен, го следевме низ Загреб“
СледноСкок за едно место за Ѓорческа и настап на турнир во Анталија