Екипата на Гостивар славеше со 2:0 над Слога Виница во пријателски меч одигран во Гостивар. Во првото полувреме немаше погодоци, а во второто, во период од 56. до 59.минута паднаа два гола. Резултатот го отвори Ивановски, а во наредната акција погоди и Атиемвен.
Претходно експедицијата на Гостивар мина 16 дена подготовки во Анталија.