Шутерско шоу на Костоски, Пелистер со цел плен од Охрид

154

Пелистер ја оправда фаворитската улога против ГРК Охрид. Битолчани на гостински терен ја запишаа 11-та победа, откако славеа со 77-85 во меч од 16-то коло во Првата лига. Со новите бодовите Пелистер се врати на петтото место на табелата.

Избраниците на Дарко Радуловиќ имаа пред себе тежок противник, иако охриѓани се последни на табелата сепак пружија силен отпор. Во првата четвртина поведоа со 18-25, додека на одморот заминаа со позитива од 38-47.

Домашните кошаркари одиграа нешто подобро во последните две четвртини, но тоа не беше доволно за да целосно се вратат и приредат изненадување.

Александар Костоски со 22 поени беше лидер кај победникот, имаше шест тројки, четири од нив ги постигна во првото полувреме, имаше „четири од четири“. Зад него беше Планиниќ со 15 поени и седум скока. На другата страна Бревер имаше 28 поени.

ПретходноБензема се испокарал и со Гаљардо, сака да си оди од С. Арабија по секоја цена
СледноКонгресот на УЕФА следната година во Белград