Се чини дека работите полека, но сигурно се подобруваат во КК Работнички, пред се од финансиски аспект. Имено веќе неколку дена кошаркарите на нашиот најтрофеен клуб беа во штрајк и не тренираа или тренираа само одделни играчи, се заканија дека и мечот со Еуро Никел нема да го одиграат ако не им бидат исплатени заостанатите плати.
По се ова раководството на клубот најде сила да ги исплати долговите, кошаркарите се вратија на тренинзите и што е најважно, неделниот меч со Еуро Никел ќе го играат.