Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Јулијан Нагелсман изјави дека не мисли за иднината по Европското првенство кое ќе се одржи ова лето. Неговиот договор е само до крајот на шампионатот, а Германија ќе биде домаќин па од неа многу се очекува. Тој не е сигурен дали ќе остане селектор.
„Дали ќе го предводам Бундестимот? Не сум размислувал за тоа. Би одговорил „Не“ затоа што договорот ми истекува по завршување на шампионатот. Нека заврши првенството па ќе видиме потоа. Засега одговорот е НЕ. Ако останам, тогаш ќе се подготвиме добро за да можеме да го постигнеме максимумот во групата на Лигата на нациите. Искрено сега не треба да мислиме на тоа туку да работиме да одиграме добар шампионат“, изјави Нагелсман.
Германија е во група со Шкотска, Швајцарија и Унгарија.