Драма во Сан Франциско: Нуркиќ и Грин во нова вербална пресметка (ВИДЕО)

2184

Голден Стејт благодарение на Стеф Кари и неговата тројка славеше против Феникс со 113-112.


Ова беше меч во кој центарот на вниманието беше насочено кој Јусуф Нукиќ и Дрејмонд Грин. Овој пат немаше нокаут од страна на Американецот, но затоа паднаа тешки зборови на двете страни.

Грин беше суспендиран на крајот на минатата година, откако брутално го претепа босанскиот кошаркарот Јусуф Нуркиќ на натпреварот помеѓу Санс и Вориорс. НБА тогаш го суспендираше на неодредено време, тој по еден месец се врати на паркетот.
Со оглед на историјата на двајцата кошаркари веќе во првиот дел дојде до конфликт, но за среќа овојпат немаше удари.


Грин, како и секогаш, одигра многу цврста одбрана. Овој пат Нуркиќ реши да му одговори и по еден фаул под кошот беа разменети неколку зборови очи во очи.

За среќа, остатокот од тимот брзо реагираше и ги смири страстите. Сепак, малку подоцна следуваше уште еден жесток дуел во кој Јусуф беше фаулиран во нападот, а Грин навистина знаеше како да го прослави.

Јусуф Нуркиќ на теренот мина 29 минути и имаше шест поени, шест скока и три асистенции. Девин Букер ги предводеше Санс со 32 поени на овој меч, Кевин Дурент имаше 24, а Стивен Кари постигна 30 поени за победничкиот тим на Вориорс.

Резултати: Далас – Оклахома 146:111, ЛА Клиперс – Детроит 112:106, Бруклин – Сан Антонио 123:103, Шарлот – Мемфис 115:106, Орландо – Чикаго 114:108, Вашингтон – Филаделфија 113:119, Атланта – Хјустон 122:113, Њујорк – Индијана 111:125, Торонто – Кливленд 95:119, Портланд – Њу Орлеанс 84:93.

ПретходноКузмановски по победата над Вардар: Ова е само голем чекор за клубот, навивачите, претседателот…
СледноТренерот на Абердин и Миовски имале договор пред мечот