Нов пораз на Лирија, Вардар и Македонија Џио се изборија за победи

246

Викендов се одиграа мечевите од некомплетното 2. коло во плеј-оф и плеј-аут зоната во домашното првенство во машка конкуренција. Во рамките на плеј-офот исклучително вредна победа за одбојкарите на Универзитет во Тетово кој на екипата на Лирија веќе и го нанесоа и вториот пораз од стартот на Втората фаза од натпреварите во првенството. Во четири неизвесни сета, Универзитет во Тетово славеше над градскиот ривал со 3:1. Без поголеми проблеми екипата на Работнички 71&22 со максимални 3:0 славеше на гостувањето против Весна Пробиштип.

Во рамките на плеј-аут делот фантастично возбудлив меч одиграа екипите на Сушево и Вардар. Скопските „црвено-црни“ по голема борба на теренот славеа во пет сета со 2:3 и ја остварија втората победа оваа сезона. Извонредно издание на овој меч имаше засилувањето за Вардар, Немања Пантиќ, кој реализирааше 31 поен.

Пет сета се одиграа и во Струмица на мечот меѓу Македонија Џио и Јанта Волеј, каде домашните успеаја да ја извојуваат првата премиерна победа во актуелната сезона. Младите одбојкари на Џио славеа со 3:2. Максимална победа обезбеди екипата на Шкендија која е убедливо прва на табелата во Втората фаза-2.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 2. коло

Весна Пробиштип – Работнички 71&22          0:3 (22:25, 14:25, 15:22)

Универзитет во Тетово – Лирија                    3:1 (25:23, 25:21, 19:25, 25:22)

Струмица 47&71 – Штип УГД                         (19 февруари, 19.00)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (36); 2. Штип УДГ (30); 3. Работнички 71&22 (30); 4. Лирија (25); 5. Универзитет во Тетово (24); 6. Весна Пробиштип (21).

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 2. коло

Македонија Џио – Јанта волеј                      3:2 (26:24, 21:25, 23:25, 25:18, 15:10)

Шкендија – ГОК Борец                                   3:0 (25:16, 25:14, 25:21)

Сушево – Вардар                                           2:3 (25:17, 21:25, 25:19, 14:25, 12:15)

ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (22); 2. ГОК Борец (15); 3. Сушево (13); 4. Јанта Волеј (8); 5. Вардар (5); 6. Македонија Џио (2).

ПретходноЛекарите потврдија: Реал без Белингем во наредните две недели
СледноУрбан Лесјак со потег за најавни шпици (ВИДЕО)