Фудбалерите на Вардар имаа успешна генерална проба пред стартот на вториот дел од домашната прволигашка сезона. На денешниот пријателски меч против Каменица Саса, избраниците на Горазд Михаилов славеа со 4:1, иако гостите имаа предност по првиот дел.
Второлигашот од Македонска Каменица поведе со голот на Алиев и на пауза замина со предност од 1:0. Вардар го засили темпото уште од стартот на второто полувреме, па со двата гола на Марјан Ристовски и уште два на новото нигериско засилување Проспер Обиора Нвачукви, 20-годишен напаѓач кој досега настапуваше за словенечкиот второлигаш Јадран.