Трајковски непоразен, но освои сребро на ЕП во Грузија

94

Младиот македонски каратист Витомир Трајковски го освои сребрениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Тбилиси, Грузија, откако финалето со Ерменецот Гор Нерсисјан дуелот заврши 3-3, но, правилото прв освоен поен беше против него.

И покрај поразот, ова е голем успех за каратистот на Макпетрол. Тој ја продолжи традицијата на освојување медали од големите натпреварувања, посебно од европските првенства.

Од Трајковски следно се очекуваат медали и на сениорските шампионати.

ПретходноДебакл на Вест Хем: Арсенал се поигруваше со „чеканите“
СледноАндонова постигна гол за победа, па се повреди