Како што беше и најавано, македонскиот бисер Ива Младеновска не само што се најде во составот на Брест Бретањ за дуелот против Савехов, таа ги запиша и првите минути во Лигата на шампионите,
Македонската репрезентативка доби шанса при самиот крај, имаше еден упатен удар од девет метри, но за жал не успеа да се запише во листата на стрелци.
Францускиот тим ја оправда улога на фаворит, во второто полувреме одигра многу подобро и на крајот славеше со 28-23.