Лидерот во италијанската Серија А, Интер веќе ги има првите играчи кога ќе се отвори летниот преоден рок. „Нероаѕурите“ веќе ги договориле Мехди Тареми и Пјотр Зелински кои ќе дојдат во јуни како слободни фудбалери, пренесуваат италијанските медиуми.
Тареми ќе стави потпис на двегодишен договор со опција за продолжување на уште една. Иранецот доаѓа од Порто, а го одбрал Интер и покрај интересот од Милан и Наполи.
Зелински веќе се договорил за тригодишна соработка со Интер со можност за продолжување на уште една и плата од околу 4 милиони евра по сезона.