Гордоста на Далмација денеска го слави својот 113-ти роденден!

130

На денешен ден пред 113 години четворица сплитски студенти ги удрија темелите на Хајдук – Гордоста на Далмација. Клуб кој еве веќе повеќе од еден век ги прославува Сплит, Далмација, Хрватска а некогаш беше еден од најомилените клубови во екс – СФРЈ.

Имињата на Вјекослав Иванишевиќ, Фабијан Калитерна, Луцијан Стела и Иван Шакиќ, кои студираа во Прага, на тој 13 февруари 1911 година се запишаа во вечноста.

Хајдук беше и остана симбол на отпорот, симбол на битката против моќниците од секаков вид. Сплит и Далмација едноставно живеат за својот Хајдук. Беше симбол на непокор пред Втората светска војна, за време на истата, потоа важеше, посебно во средината на седумдесетите за најфраерски клуб на овие простори. Клуб кој просто беше непобедлив.

Хајдук денеска во оваа сезона со неверојатната поддршка од своите фанови, од познатата “Торцида“ ја очекува својата прва титула по речиси две децении.

Александар Трајковски, нашиот херој од Палермо, е дел од овој денешен Хајдук.

А претходно во изминатите децении имаше многу македонски фудбалери кои го носеа белиот дрес на – Гордоста на Далмација.

ПретходноЗнае ли некој? Што ќе се случи ако голманот добие СИН КАРТОН!
СледноТареми и Зелински се првите летни засилувања за Интер