Дијамантот со мега – интервју за “Марка“: Реал е нешто посебно, се знае дека е фаворит, но Лајпциг е тим кој секогаш оди на победа!

658

Ретки се тие во светот на фудбалот кои во една сезона имале шанса да играат два двомеча против Реал Мадрид, најголемиот и најславниот тим во историјата.

Ете таква шанса добива и нашиот најдобар фудбалер Елиф Елмас, кој есента како член на Наполи играше против Реал во групната фаза во ЛШ, а сега во двомеч од 1/8 финалето повторно ќе игра против Реал, но сега како член на Лајпциг.

Секако дека ова е сосема доволно, а и поради тоа што Македонецот е една од ѕвездите кај „биковите“ една “Марка“ во пресрет на вечерашниот меч на “Ред Бул Арената“ да излезе денеска со мега – интервју со Дијамантот.

Се разбира дека Елмас за Реал говори само во суперлативи, пренесува дека бил фасциниран од “Сантијаго Бернабеу“ пред неколку месеци на мечот Реал – Наполи. Говори дека го респектира Модриќ, секако Белингем, Ѓулер и сите останати “кралеви“. Тој за “Марка“ ја кажува разликата како тоа од топлите Истанбул и Неапол се снаоѓа во студениот Лајпциг, дека интензивно го учи германскиот јазик.

Среќен е што дојде во таков тим како Лајпциг од кого е воодушн и поради младоста и квалитетите на тимот.

За двомечот од 1/8 финалето во ЛШ со Реал Мадрид нашиот фудбалер го кажа и ова:

Реал Мадрид како клуб е нешто посебно. А против кого Реал не е фаворит, тука нема дилеми. Но во фудбалот фаворитите не секогаш победуваат. Ние како Лајпциг на секој меч одиме на победа, така ќе биде и вечерва. Треба да ги следиме упатствата на тренерот, мора да го дадеме својот максимум“ посочи Дијамантот.

ПретходноТареми и Зелински се првите летни засилувања за Интер
СледноЗошто ПСЖ не може да ја освои ЛШ? Буфон: Бев таму и веднаш сфатив!