Навивач во инвалидска количка пет часа патувал за да го Анчелоти (ВИДЕО)

515

Лајпциг и Реал Мадрид вечерва од 21 часот го играат првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се игра во Ред Бул Арената, што значи дека во германскиот град пристигнаа многу навивачи на Реал. Меѓу нив е и Селим, навивач на мадридскиот клуб кој е во инвалидска количка и патувал пет часа до Лајпциг.

Шпанската телевизија El Chiringuito разговараше со Селим пред хотелот, каде што ги пречека ѕвездите на Реал. Меѓу другите, тој се фотографираше со Чоамени, тренерот Карло Анчелоти и хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ. На крајот тој даде изјава за El Chiringuito, ги покажа фотографиите и даде изјава.

“Патував пет часа до Лајпциг. Ова е голем момент за мене. Го запознав Анчелоти, мојот сон се оствари. Не знам што да кажам”, рекол Селим кој патувал за да ги запознае своите идоли – Анчелоти и Модриќ.

ПретходноКостадинов стрелаше на пријателски меч (ВИДЕО)
СледноТрагедија: На својот прв работен ден како тренер починал од срцев удар на 39 години!