Јовиќ го одигра мечот на кариерата, неговиот тим ги шокираше Милвоки (ВИДЕО)

1968

20-годишниот српски кошаркарски репрезентативец Никола Јовиќ го одигра најдобриот натпревар во својата НБА кариера во големата победа на Мајами Хит на гостувањето кај Милвоки Бакс 123:97. Тој доби шанса во стартната петорка поради повредите на Џими Батлер и Тери Розиер и оствари учинок во кариерата постигнувајќи 24 поени.

Тој погоди осум од 13 шута од поле, 5 од 8 тројки и 3 од 4 слободни фрлања, притоа додаде седум скока, испорачувајќи три асистенции, една украдена топка и без загубени топки. Тој беше најдобар стрелец на Хит во победата, со еден поен повеќе од Робинсон. Прво име кај гостите беше Бам Адебајо со трипл-дабл од 16 поени, 12 скока и 11 асистенции. Бакс го предводеше Јанис Адетокумбо со 23 поени, 11 скока и осум асистенции.


Јовиќ е во својата втора сезона во НБА, откако Мајами го избра како 27-ми пик на драфтот во 2022.

Оваа сезона постојано е во првиот тим, но неговата улога зависи од здравствената состојба во тимот. Така во јануари играше доста редовно, но во февруари одигра само две и пол минути до синоќа. Со овој учинок тој го подобри сезонскиот просек на 6,1 поен.

Резултати: Бруклин – Бостон 110-118, Орландо – Оклахома 113-127, Милвоки – Мајами 97-123, Феникс – Сакраменто 130-125, Портланд – Минесота 109-121, ЛА Лејкерс – Детроит 125-111.

ПретходноМизерно: Политиката заборави на спортот, кој „умира“ во Македонија!
СледноТухел сфатил дека веќе е екс во Баерн, па ги понудил своите услуги на друг великан